23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Наумоски: Скопје ќе стане културна престолнина и без Данела да мрдне со мал прст

„Престолнина на културата не е саем каде што ние ја изложуваме нашата култура за другите да дојдат и да ја видат. Тоа е процес којшто треба да заврши во 2028 година во којшто градот ќе се реформира културно, не само во содржините, туку и во институциите, програмите што ги нуди и на крајот да направи една годишна програма со којашто треба да ги импресионира и домашните, не само странските луѓе. Загрижен сум за тоа што ќе го направиме, не заради тоа што ќе има некаква реална опасност да ни го откажат или да ни ја земат титулата, тоа до сега се нема случено“, рече на интервју на Слободен печат во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн. Мк.

Тој додаде дека во однос на оваа прилика на Скопје да биде престолнина на културата, останува можноста да не се направи ништо од нешто, без никакви активности и ниту еден денар плус во културните институции, како што тргнала градоначалничката тоа го прави две и пол години.

„Градиначалничката ги намалува средствата, ги затвора институциите, како што сега е случајот со МКЦ, речиси целосно е под клуч. Наместо ние да создаваме повеќе и да вклучуваме што повеќе луѓе и уметници и иницијативи во престолнина 28, ние ги десеткуваме луѓето и ги финансираме се посиромашно и посиромашно за на крај во 28ма да немаме речиси ништо. Би сакал да нагласам дека културна престолнина Скопје ќе стане и без Данела да мрдне со мал прст и без да се појави на настаните како што милува да прави. Но, не е поентата дали сме ја добиле титулата туку дали ќе направиме најмногу што можеме со таква прилика којашто ќе ни се даде“ потенцираше Наумоски.