Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Дали тоа што Албанците, Турците и останатите се во Уставот се европска вредност или уцена? Реалноста е таа, мултиетничка

Претседателот Стево Пендаровски на дебатата на МТВ, запрашан дали барањето за внесување на Бугарите во Уставот е европска вредност или уцена, возврати со контрапрашање дали тоа што по Рамковниот договор ги имаме Албанците, Турците и останатите во Уставот е европска вредност или уцена.

„Реалноста на Македонија е таа, мултиетничка. Бараме специфични модели за да коегзистираме за доброто на државата“ рече Пендаровски.

Тој додаде дека бугарската идеја е јасна, целосно да се преземе бугарската наратива, нешто што ние го одбивме.

„Останува уште овие три и пол илјади Бугари да ги ставиме во Уставот, заедно со уште пет други делови на народи. Тоа не е ништо чудно“ рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Измени на Законот за полиција, кој ќе биде подобен ќе може да стане началник и веднаш откако ќе се вработи во полиција

C +

Со зголемување на старосната граница за вработување, Тошковски сака да го врати МВРО-ВМРО, алармира СДСМ

C +

МВР може да се соочи со масовни тужби ако се укинат позициите заменик командир и заменик началник

C +