10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Без ЕУ не е возможен економски раст, смета Пендаровски

Ако некој мисли дека може само со сопствени капацитети да постигне стапка на раст на годишно ниво, од 5, 6 или 7% колку што ни е неопходно, тоа е економски илузионизам не е возможно, значи не можеме да одиме во економски противизионизам и се самите да произведуваме и да живееме да сме само доволни, без ЕУ не бива ништо, значи лек за сите болести, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во дебатата на јавниот сервис.

Пендаровски се осврна и на Планот на ЕУ за економски раст на земјите од Западен Балкан.

„Јас тврдам дека ова што го спомнавте планот за раст и општа најава, ние без пристап до тие фондови нема да можеме да имаме стапки на раст кој ни се неопходни. Може да има два кома два една кома два меѓу тоа нам ни треба два пати три пати повеќе за да можеме догледно време да го фатиме европскиот просек. Се друго е залажување на граѓаните. Значи тој е долг процес и не гледам како без и екстерен капитал значи тој тип на инфузија на економска смисла можеме самостојно со овој потенцијал што го имаме да имаме стапка над 7 или 8% на годишно ниво.“ порача Пендаровски.

Спонзорирано: