25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Висок претставник од сестринската партија од Германија на ВМРО-ДПМНЕ, по разговорите со нив рече дека е убеден дека ќе гласаат за уставните промени

„ВМРО-ДПМНЕ сакаат да заборавиме дека во септември минатата година ни се случи потпишувањето на договорот со Фронтекс, европската агенција за чување на границите на шенген зоната кој го потпишавме на македонски јазик. Нивниот таканаречен предлог за деблокада на нашиот европски пат кој им го подметнуваат на сопствените граѓани и држава како ново решение е дека сакаат да ја преговараат преговарачката рамка со Унијата иако буквално сите претставници на Унијата им рекоа дека тоа е завршена работа. Пред странските дипломати изразуваат формална подготвеност за деблокада. Висок претставник од нивната сестринска партија од Германија, по разговорите со нив рече дека е убеден дека ќе гласаат за уставните промени“ претседателот Стево Пендаровски на голем сенароден митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина.

Тој додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму секој ден повторуваат дека уставни промени нема да има под бугарски диктат.

„Малкумина од нас се изненадени од таквото нивно однесување, затоа што тој манир на однесување е одлика на таа политичка партија години наназад и токму затоа нивниот претседател од европскиот парламент уште во 2020 година беше дефиниран како извор на лажни вести и дезинформации. Пред секои избори како по правило бараат 61 пратеник за наводно да не биле условувани од Албанците а пред некој ден повикаа на формирање на семакедонски патриотски фронт исто како во времето на режимот, не водејќи сметка дека етничката хомогенизација во мултиетничка држава како нашата е рецепт за дестабилизација“, потенцираше Пендаровски.