Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре и задутре пороен дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и в четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира УХМР.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, утре попладне, во текот на ноќта и в четврток ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК