5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пендаровски од Кичево: Целосна проверка на имотот на сите судии, обвинители и политичари, да видиме како направиле милиони од плата

„Се залагам за комплетна проверка и контрола на имтот на сите судии и обвинители и на нас политичарите. Да видиме како некои луѓе од плата, направиле милиони и палати на грбот на народот“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Кичево.

Тој додаде дека само така може да се оди напред, кога народот дава мандат и чест да ја водат државата искрени луѓе.

„Јас работам за плата, не работам за проценти, не работам за криминални структури и така ќе биде и понатаму“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека битката со криминалот и високата корупција ќе биде негова должност и во наредните пет години и да се испрати порака дека тие кои не ја оправдуваат довербата на граѓаните не треба да им ги земаат местата на способните и чесните.