Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Платите во културата ги покачивме за 43 отсто и секоја година ќе ги почакуваме за 10 проценти

„Во фокус на културните политики на СДСМ е достоинството на културните работници. Ги покачивме платите во културата на достојно ниво, за 43 отсто. Остануваме на зборот дека секоја година платите во културата ќе се покачуваат за 10 проценти“ рече министерката за култура и коносителка на листата во Изборната единица 5, Бисера Костадиновска-Стојчевска на промоцијата на програмата „Програма за европска иднина“ на СДСМ.

Таа додаде дека со девет нови инвестиции се стимулира креативноста и ќе се збогатува културната понуда за секоја етничка заедница.

„Инвестираме во секоја општина и го поттикнуваме регионален културен развој. 90 милиони денари за капитални дотации за инвестициони проекти во областа на културата за единиците на локалната самоуправа“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа исто така додаде дека Универзална сала ќе биде целосно функционална до 2027 година, но и презеде обврска дека буџетот за култура мора да биде од година во година се поголем.

„Во наредниот мандат преземаме обврска за воведување на делегиран буџет со што институциите од културата на национално, како и на локално ниво. Во изборната програма предвидуваме конкретни чекори за интензивирање на соработката и поддршка на независната културна сцена“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК

Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

ДЕСК