Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Ослободување од царина за интернет нарачки до 180 евра по жител

„Нашето одговорно работење и детална анализа на трендовите ни даваат простор и за олеснувања во царинската политика како уште една Програмска понуда за наредниот мандат– ослободување од царина за интернет нарачки до 180 евра по жител“ рече директорката на УЈП и носителка на ИЕ3, Сања Лукаревска на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Таа додаде дека во програмата се предвидува и проектот „Грижа за младите“ со кој се предвидува по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години и станови за млади брачни парови до 29 години во чија откупна цена, дел од сумата ќе биде субвенционирана од Владата.

„И на туризмот и на земјоделието, на економијата и на граѓаните им е неопходна добра инфраструктура. За таа цел предвидовме 2,7 милијарди евра инвестиции во инфраструктура за изградба на 194 километри автопатишта и реконструкција на 950 километри патишта до 2028 година“ рече Лукаревска.

Таа го најави и проектот „50 села – 50 приказни“ со кој за четири години во македонската економија ќе се слеат околу 500 милиони евра преку развојот на руралниот туризам.

Можеби ќе ве интересира

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК

Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

ДЕСК