16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

„Во програмата предвидуваме и низа мерки со кои сакаме да испратиме порака до младите дека СДСМ мисли и се потпира на нив. Со гордост го најавуваме проектот „Грижа за младите“ кој подразбира: по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години и станови за млади брачни парови до 29 години во чија откупна цена, дел од сумата ќе биде субвенционирана од Владата“ рече директорката на УЈП и носителка на ИЕ3, Сања Лукаревска на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Таа додаде дека во програмата е зацртано и изградба на нови социјални згради во Штип и во Прилеп, но и регулирање на породилното отуство на жените земјоделки.

„Свесни дека грижата за децата бара пошироко внимание и акција, воведуваме Европска детска гаранција како гаранција за системски одговор за справување со детската сиромаштија. Воведувањето на Европска детска гаранција си го поставивме како статешка цел. Оваа гаранција го скратува и го забрзува патот до благостостојба на најважните, на децата“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека во програмата се најавува и намалување на административните обврски за наставниот кадар, бидејќи доброто образование подразбира и наставен кадар кој многу повеќе ќе биде фокусиран на знаењето.

„Некои случувања и јавни сомнежи, го поттикнаа и нашето размислување за појавата на лажни дипломи. Велиме стоп за лажни дипломи и најавуваме ревизија и евалуација на сите стекнати“ рече Лукаревска.