14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски со честитка за католичкиот Велигден

ФБ статус на Оливер Спасовски:

Почитувани граѓани од католичка вероисповед,

Упатувам срдечни честитки по повод големиот празник Воскресение Христово – Велигден, со желби за благосостојба и просперитет.

На празникот на воскресението нека во вашите домови завладее мир, љубов и разбирање. Нека духот на обновата и радоста нè инспирира да бидеме подобри луѓе, да ги почитуваме разликите и да правиме добри дела кои нè прават посилни и подобри како општество. Бидејќи, токму тоа е силата на Воскресението – победата на животот над смртта, на доброто над злото е знак за Божјата милост кон сите нас.

Нека е за многу години христијанската радост!

Христос воскресе!

Можеби ќе ве интересира

Маж бакнувал и допирал малолетна скопјанка – мајката пријавила во полиција

ДЕСК

Обезбедени 170 милиони денари субвенции за инвертер клими за ранливите категории, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

C +