19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Програмата на СДСМ е насочена кон граѓаните, просечна плата 1100 евра, минимална 600 евра, 20.000 минимална и 30.000 просечна пензија

„И Венко Филипче и јас сме препознатливи во сферите од каде што доаѓаме во областите со резултати позади нас. Програмата, генерално, СДСМ е насочена кон граѓаните, граѓаните во прв план и подобрувањето на квалитетот на живот, просечна плата до 1100 евра, минималната плата до крајот на мандатот од 600 евра, 20.000 минимална пензија до 2028 година, 30.000 просечна пензија, инклузивни игралишта и сензорни соби во секоја градинка, во секоја општина, 30% зголемени права од социјална и детска заштита. Исто така фокусирани сме и на пензионерите, пензионерска картичка со попуст за прехранбени производи, 6000 денари зимски регрес или помош на секој пензионер пред Нова година и празниците за да можат многу полесно да го поминат периодот. За младите, младински додаток, од 3000 до 5000 денари, 200 евра за секој млад граѓанин при првото вработување до 26 годишна возраст. Многу добри реални мерки кои што се остварливи се вклучени во програмата на СДСМ за претстојните избори,“ рече Јованка Тренчевска, дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика и носителка на листа на ИЕ 4 на СДСМ, во Дневникот на ТВ Сител.

Можеби ќе ве интересира

9,44 отсто излезност до 11 часот на територијата на цела Македонија – Каде има најголем, а каде најмал интерес за гласање?

ДЕСК

Тешка сообрaќајка близу Струга – повеќе лица се повредени и пренесени во клиниките во Охрид и Скопје

ДЕСК

Апсење на Блато – го барале преку Интерпол, полицијата му стави лисици на рацете

ДЕСК