„Тогаш многу имаше скептицизам дека нема да стигнеме до тие бројки за минимална и просечна плата, денес гледајќи ги бројките гледаме дека и над она што го имаме предвидено сме во тие рамки. Ќе продолжиме со истата тенденција за зголемување на минималната плата која што ќе стигне до 600 евра 2028 година, просечната плата 1100 евра, зголемување и на минималната просечна пензија, посебни пакети на мерки кои што ќе значат помош на младите пред се“ рече носителката на ИЕ3 од СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.
Таа додаде дека реализирано е се што е предвидено од програмите од 2016 и 2020 година, но дури и членовите не СДСМ замеруваат дека паријата малку се фали со успесите.
„Голем број на мерки имаме реализирано во рамки на делот на земјоделието и сега повторно ветуваме дека ќе имаме рекорден број на субвенции. Имаме нови мерки во делот на транспорт и инфраструктура меѓутоа секој пат ги правиме споредбите на она што е реализирано и она што ќе продолжиме да го реализираме во наредниот период. За првпат даваме посебно поглавје за она што значи дигитализација и нови технологии“ рече Лукаревска.
Заменик-претседателката на СДСМ додаде дека ќе продолжат капиталните инвестиции во спортот и унапредување на позицијата на спортистите, бидејќи тие се главни амбасадори.
„Повеќе капитални инвестиции во рамки на културата, здравството. Ќе се продолжи со тенденцијата за зголемување на платите и во образованието. Многу храбри мерки и во делот на енергетиката меѓутоа и во делот на многу други сектори. Имаме одлични мерки во делот на борбата против криминалот и корупцијата и напредување во владеење на правото. Се ова јасно, транспарентно ќе го образложуваме и презентираме и пред граѓаните и пред коморите, и пред граѓанскиот сектор и пред нашиот постулат -едно општество за сите- преточен во еднакви вредности, еднакви можности за различни целни групни, за секој оној дека е битен во оваа држава“ рече Лукаревска.