Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: СДСМ докажа дека нема потреба од техничка влада, институциите функционираат демократски, а тоа го кажува и ВМРО-ДПМНЕ

„Јас и мојата политичка партија имаме покажано и докажано многу пати, а слушнавме и од нашиот политички опонент дека нема веќе потреба ниту од Пржинска, односно техничка влада“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ Стар.

Таа додаде дека се покажува дека има демократски концепт во рамки на функционирањето на институциите, нема веќе злоупореба на било какви ресурси од било која институција.

„Не би сакале да се доведеме до ситуација и да се дозволи да се врати времето кога гласаа гласачи од Пустец или да треба три пати да прегласуваме одредени избори, да се исклучуваат лифотови, да се затвораат медиуми“ рече Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ рече дека кога се напуштија тие практики по промената на власта се вратија демократијата и слободата.

Можеби ќе ве интересира

Ноќва почнува зимското сметање на времето

C +

ВЛЕН: Ахмети го навреди народот

C +

ВМРО ДПМНЕ со утринско соопштение: Убедливата победа во град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски во првиот круг, ги направи СДС петта партија во главниот град

ДЕСК