„УЈП е столб на државата затоа што го полни буџетот. Јас од таму доаѓам и всушност од таму јас станувам директор на таа институција, вработена сум уште од 2006 година“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска за ТВ Стар.
Таа додаде дека секогаш се трудела да работи транспарентно и согласно законите.
„Дали може подобро да се сработи? Апсолутно да. Навистина можам да кажам дека имам одличен тим за работа, сме направиле големи чекори, но исто така треба да направиме уште повеќе чекори и таму ја имавме поддршката“ рече Лукаревска.
Директорката на УЈП додаде дека постојано ја имаат поддршката од Светска банка, ММФ и други сродни институции, како и координативна соработка со други институции во државата.
„Сања Лукаревска не е сама во УЈП“ рече таа