Државната изборна комисија денеска ги констатира редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче.
Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.
Прв на ливчето ќе биде Стево Пендаровски, а седми Максим Димитриевски, Гордана Силјановска ќе биде под реден број два:
1. Стево Пендаровски
2. Гордана Силјановска-Давкова
3. Стевчо Јакимовски
4. Бујар Османи
5. Билјана Ванковска-Цветковска
6. Арбен Таравари
7. Максим Димитриевски