12.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Средношколците засадија 100 садници црн бор на Водно

Град Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еколошка акција за пошумување на парк-шумата Водно. Во рамките на оваа голема екоакција, градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, заедно со стотина ученици од скопските средни училишта „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“ на Водно засади 100 садници црн бор.

Со екоакција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје заедно со скопските средношколци ја подигаме свесноста за потребата од чување и заштита на животната средина. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето, а истовремено ја потенцираме важноста од одговорниот однос кон животната средина без нејзино загадување и уништување, велат од Град Скопје.

Град Скопје продолжува со реализацијата на многубројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации во Скопје како еден од проритетите од програмата за модерно Скопје. Во текот на изминатата недела градоначалничката Арсовска со учениците од скопските средни училишта „Боро Петрушевски“, „8 Септември“, „Михајло Пупин“ и „Панче Арсовски“ засадија 100 кипариси во парк-шумата Гази Баба, се додава во соопштението на Град Скопје.