Денеска (24.03.2024) во 00.10 часот на локален пат од Средно Водно кон Горно Нерези, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.03.2024 во 21.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода две лица(38) и (36г), двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.03.2024 во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека во 20.30 часот, при претрес на торба на осуденикот лице(35) од Битола, кој се враќал од викенд отсуство, вработен во затворот пронашол две пакувања со прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а пронајденото било одземено за понатамошна постапка. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Битола поднесе кривична пријава против лице(19) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.04.2023, полициски службеници извршиле преглед на две лица од Прилеп, при што пронашле и одзеле марихуана, која ја набавиле од пријавенот.
На 23.03.2024 во 20.10 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници лишиле од слобода лице(44) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана меѓународната зелена карта за осигурување на товарно возило и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
СВР Велес поднесе кривична пријава против лице(29) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 24.07.2023 бил извршен преглед на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамин и таблети МДМА.