Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Излетаа две возила, има повредени

На 23.03.2024 околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај место викано „Карпалак“, товарно возило „фолксваген кеди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(57) од Гостивар, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 23.03.2024 во 20.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во Близина на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „ауди” со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(36) од Кичево, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Овој ребаланс е избор на одговорност пред популизам, стабилност пред финансиска неизвесност и конкретни резултати пред празни ветувања

ДЕСК

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ – Момче осомничено за силување дете под 15 години

ДЕСК