Во текот на ноќта и утре особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе опадне.
До четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Прогноза за 26.03.2024
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд пообилен во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Прогноза за 27.03.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Прогноза за 28.03.2024
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 20°C
Променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец.