13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.

На отворениот ден беа изложени дел од воената опрема, технологија и возилата на Армијата, вклучувајќи ги и новите JLTV оклопни возила, а свој настап имаше и воениот оркестар. Припадниците на армијата ги прикажаа нивните алпинистичките вештини и беше изведена показна вежба со армиските кучиња.

Претседателот Пендаровски посочи дека ова е одлична можност граѓаните непосредно да се запознаат со најновата опрема и возила со кои располага нашата Армија.

Тој им честиташе на армиските припадници за професионалноста и изрази поддршка на континуираното опремување и модернизација на вооружените сили, додавајќи дека подготвеноста и ефикасноста на армијата е од клучно значење за сигурноста и безбедноста на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.