Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во охридско, приведен дилер

На 22.03.2024 во 14.40 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(24) од Охрид. При претрес во неговата викенд куќа, помошни простории и патничко возило во с.Косел, охридско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприцеви исполнети со кафеава течност, грендер со остатоци од марихуана и еден самострел, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

ДЕСК

Колумна на Даниел Станојовски: „МИТОТ ЗА НЕПОБЕДЛИВИТЕˮ

ДЕСК

Министерот Клековски на Регионалниот комитет на СЗО во Копенхаген: Превенцијата и дигиталното здравство  се меѓу македонските приоритети

ДЕСК