Centar.mk
БИЗНИС

Просечната цена на електричната енергија пресметана по KWh за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во првото полугодие од 2025 година, во однос на второто полугодие од 2024 година, бележи пад од 8.7 %

Во првото полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, со исклучок на домаќинствата, се движи од 5.611 до 15.403 денари за kWh, зависно од групата на потрошувачи. Пресметаната просечна цена изнесува 7.945 денари за kWh, што претставува намалување од 8.7 % во споредба со второто полугодие од 2024 година, извести Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2025 година изнесува 7.271 денари по KWh, што претставува раст од 0.7 % во споредба со второто полугодие од 2024 година.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 881.518 до 1 538.014 денари за GJ по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 2 065.145 денари за GJ.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +