25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Процесот на ЕУ го зајакнува нашиот идентитет, култура и македонскиот јазик го зацврстува во рамки на еврипскиот мозаик на јазици и култури

„Финансиски средства преку ИПА програми кои што се финансираат доминантно инфраструктурни проекти, ИПАРД програмите преу кои што се финансираат проекти во земјоделството и нашата држава е држава која што има најголема искористеност од сите земји во регионот и поголема искористеност дури и од земјите во ЕУ. И третата важна е Еразмус програмата, зошто Еразмус програмата е важна? Таа е важна од најмалку два аспекти, првата е финансиска меѓутоа по мене уште поважна е мобилноста за студентите и можноста да посетуваат настава, да одат на универзитети и на училишта надвор од нашата држава“, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Инфо сесија: ЕУ за младите – за знаења, вештини и добро платена работа.

Тој додаде дека од друга страна можноста од други држави да дојдат студенти и да се запознаат со нашето образование, нашата култура, со нашата земја, тоа е исто така многу важно бидејќи процесот на ЕУ го зајакнува нашиот идентите, нашата култура и нашиот македонски јазик го зацврстува во рамки на еврипскиот мозаик на јазици, култури и европски идентитет.

„Имаме 11 673 странски државјани ои учествувале во програми за мобилност, реализирани преку Еразмус програмата од 2021 до денес а во претходната програма активно учество од нашата земја зеле 30 000 ученици и студенти млади кои што посетувале настава во други држави. Јас како универзитетски професор сум имал можност да учествувам на две програми како предавач и креатор на меѓународни европски кориколуми за настава на напредни студии во однос на иновација, технологија и тн, и можам да го споделам моето лично искуство дека не само што стекнав нови знаења, не само што можев моето знаење да го пренесам на други универзитети така и да ја прмовирам Македонија туку и стекнав многу добри пријатели од универзитети во Словенија, Литванија, во Турција, Италија, Грција и од други држави кои што пријателства значат многу за воспоставување на подобри односи помеѓу државите, за градење на подобри добрососедски односи и на тој начин градење што побрзо на капацитети на нашата држава за побрзо завршување на преговорите и побрзо зачленување во ЕУ“, потенцираше Ковачевски.

Тој додаде дека имаме многу јасен план за остварување на нашата цел а тоа е членство во ЕУ со новата Влада по победата на парламентарните избори на 8-ми мај

„Планираме да го забрзаме процесот на зачленување со донесување на потребните одлуки, 4 години се сосема доволни за завршување на преговарачкиот процес бидејќи покажавме дека во година и пол можеме да завршиме успешно скрининг процес за што комплименти давам на сите што беа вклучени на чело со Бојан и потоа за уште две години да се заврши процесот на ратификација и СМ да стане земја членка на ЕУ. Значи нема откажува од европската иднина на Македонија, јас ве поттикнувам сите вас млади кои сте тука присутни меѓутоа и сите оние кои што не следат по пат на социјалните медиуми да не се откажуваат од својата европска иднина“, рече Ковачевски.