25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Граѓаните ја знаат разликата, во последните 7 години да ја поставиме Северна Македонија како земја фактор на стабилност на Балканот, земја членка на НАТО и по 17 години чекање да ги отпочнеме преговорите со ЕУ

„Темата ни е ЕУ јас ке кажам неколку збора во поширок контекст и можете да ме слушнете секој ден дека го повторувам тоа бидејќи сметам дека е исклучително важно, пред нас имаме избори кои што избори се исклучително важни од аспект на тоа што на нив се одлучува за исклучително важно стратешко прашање за државата а тоа е дали ќе продолжиме на патот на европските интеграции или ќе се вратиме назад како што беше од 2006 до 2016 година. Сите граѓани на државата ја знаат која е разликата, ние успеавме во последните 7 години да ја поставиме СМ како земја фактор на стабилност на Балканот, земја членка на НАТО и по 17 години чекање да ги отпочнеме преговорите со ЕУ“, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Инфо сесија: ЕУ за младите – за знаења, вештини и добро платена работа.

Тој додаде дека она што СДСМ го нуди на овие избори е надеж во однос на безнадежноста која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ.

„ЕУ за мене не е само остварување на еден сон туку е остварување на нешто многу повеќе, на нас не ни треба сонување туку ни треба европски стандард на живот, ни требаат европски правила на однесување, ни треба европско владеење на демократија, европска социјална правда и се разбира европски економски прогрес, секако дека тој пат не е лесен. На него треба државнички и вистински одлуки и ние тоа знаеме да го правиме и потврдивме дека го знаеме и тоа граѓаните знаат да го препознаат, било кое истражување на јавно мислење да земете тие велат да СДСМ е политичка партија која има план за зачленување во ЕУ а од друга страна имаме политичка партија ДПМНЕ која што не само што нема план туку и она што го има на ум не го кажува пред гласачите“ заклучи Ковачевски.