„Како политичка партија, секогаш кога сме биле на власт, ни паѓале, еве така да се изразам малку понародски, да ги носиме најтешките одлуки. Тоа многу често се одразува можеби на нашиот политички рејтинг, партиски рејтинг дури и некогаш внатре во партијата меѓутоа кога знаеме дека го правиме најдоброто што можеме, не значи дека не сме можеле да функционираме уште подобро и да изменаџираме некој процес уште подобро меѓутоа во едно време, не само пред две години кога јас станав министерка, туку и седум години на назад кога се случија сите можни кризи светски кои што можеа да се случат, а тоа го правевме најдобро што можеме и со ресурсите со кои што најдобро располагавме. Во 2016 односно 2017 година, се соочивме со еден празен пензиски фонд, се соочивме со здравство во колапс, се соочивме со образование каде што училиштата немаа пари креди и сунѓер за табла, да не разговараме за платени комуналии и давачки за општините, кога во градинките парите стоеја на сметка, а не се поправаше кровот на градинките меѓутоа парите стоеја на сметка да не затребаат за некои други потреби, кога немаше изведба на нови градинки и сето тоа успеавме да го промениме целосно,“рече министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на ТВ Клан.
Таа посочи дека во време на криза Северна Македонија претставувала, и се уште претставува пример во регионот за колективно договарање, за поставување на најдобри услови.
„ И сето тоа, повторно ќе кажам, во време кога се менаџираше постојано со некаква криза, на некое поле. Дали можевме некои процеси да ги изменаџираме подобро? Секогаш меѓутоа и ова што го направивме беше навистина нешто што од празни џебови ги вративме парите назад кај граѓаните,“рече Костадиновска Стојчевска.