Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Пендаровски се залага за полноправно членство на земјата во ЕУ, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за аболиција на осудените за 27 април

„СДСМ, токму заради тоа што претседателот Пендаровски покажа капацитет за да ги обедини сите граѓани, одлучи да го поддржи повторно претседателот Пендаровски за втор мандат. Знаеше да биде гласен критичар на некои одлуки на Владата, на Собранието, тоа покажува еден висок степен на демократска свест. Се разбира дека секогаш во секое политичко опкружување постојат несогласувања и многу е здраво да постојат несогласувања. Нашата поддршка за Пендаровски, а неговата за нас, значи дека ние сме се нашле на патот каде ја гледаме државата во иднина,“ рече министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на ТВ Клан.
Таа се осврна на изјавата на Пендаровски дека во вториот мандат треба да го постигнеме полноправното членство на ЕУ. А во врска со ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка дека и тие се нашле во заеднички идеал.
„Пред некој ден слушнавме дека една од намерите на нивната кандидатка е да се аболицираат оние кои што на 27 април влегоа во Собранието, да го уништат уставниот поредок. Поддршката доаѓа затоа што делиме исти вредности,“ рече Костадиновска Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК