Првата книга на Кристина Н. Николовска, „Национални митови од маргините: факти и фикции во предмодерните црковнословенски записи“, поттикнува на нови толкувања на неколку значајни црковнословенски записи и отвора прашања за преиспитување на начините на употреба на овие текстови во моментот на нивното создавање, но и во современата книжевна историја.
Кристина Николовска, доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ во Скопје, во интервјуто за порталот Рацин.мк, осврнувајќи се на нејзината прва книга истакнува дека книгата е пишувана во долготраен процес и дека со записи на маргините се занимавала во текот на нејзините докторски студии во Лондон и во Берлин, за време на постдокторските истражувања во Букурешт, САД и Софија, каде што има архиви со голем број на ракописи на црковно словенски јазик.
Целото интервју прочитајте го на Рацин.мк (ЛИНК)