15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Неверојатниот вкус на европските конзервирани праски денес во Скопје!

Денес, во “Брик“, дел од Хотел Парк и Спа, со почеток од 14 часот ќе се одржи ексклузивен деловен настан со презентација на производ и кулинарско шоу во живо. Настанот е дел од кампањата “Вкусовите на праските Балкан“ (Peach Flavors Balkan), финансирана од Европската Унија.

Претставници на ХоРеКа секторот, увозници и дистрибутери, ќе имаат неверојатна можност да го вкусат деликатниот вкус на свежата конзервирана Европска праска од Грција со супериорен квалитет. Овие праски се препознаени по нивната природна сладост и уникатната арома која ја имаат.
Покрај презентацијата на производот, за време на кулинарското шоу во живо, присутните ќе имаат можност да вкусат јадења креирани со конзервираните праски и да откријат нови кулинарски идеи како да го користат ова вкусно природно богатство.

Кампањата “Вкусовите на Праските Балкан“, финансирана од Европската унија, има за цел промоција на високо квалитетни Европски конзервирани праски произведени по највисоко ниво на стандарди за безбедност на храната. Примарната цел на кампањата е што поголем број консументи да се запознаат со неверојатниот вкус на Европската извонредност.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +