Заедно со Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, дополнителниот заменик министер на Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денес ги посети новоотворените простории на службата за управни работи во Куманово.
“Од денес, на брз, достоинствен и лесен начин граѓаните ќе можат да се фотографираат за лични документи, како и да ги подигнат истите без да чекаат во ред.”, изјави Андоновски.
МИОА обезбеди систем за управување со клиенти, кој го минимизира метежот.
“Дигитализацијата на процесите го олеснува животот на граѓаните. Затоа е многу важно истата да се случува во сите институции и сите услуги. Дигиталната трансформација ќе значи брзи, точни, навремени и евтини услуги, намалено време на чекање и задоволни граѓани.” посочи Андоновски.
И во понатамошниот период продолжуваме со институционалната соработка во служба на граѓаните.