16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Кузеска: СДСМ настапува со промотивна кампања и не со оцрнување, туку со факти

„Не би се согласила со констатацијата да се оцрни противникот, а не нешто да се промовиира, затоа што изминативе денови она што може да се види од страна на СДСМ токму и хипер продукцијата, можеби станува збор за реакции потикнати од другата страна но, и промоција на она што е досега направено, оние клучни работи кои ќе ги направиме во наредниот период. И оттука можам да кажам дека СДСМ од сега наговестува дека ќе има кампања која ќе биде пред се промотивна за програмата и секако дека ќе биде кампања која ќе има за цел да ги промовира кандидатот за претседател кој го подржуваме, секако и пратениците кои ќе бидат на листите со кои ќе се оди на избори,“рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ, во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

Таа посочи дека не гледа дека станува збор за оцрнување туку факти, затоа што ако се земе предвид претседателските кандидати Пендаровки и Силјановска и едниот кандидат имал прилика да се промовира пред граѓаните како пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, а другиот како претседател на државата.

„Видовме што можат да понудат и очекувано е да го понудат и во нивната кампања, односно како програма пред граѓаните. Додека гледавме дека Пендаровски го подржува европскиот пат на државата, а другата страна- Давкова како ги подржува блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, како ги подржува блокадите на антикризните мерки, блокадите поврзани со уставните измени, тоа е една констатација на работата на двајцата кандидати за да се направи разликата,“ рече Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата упадна во фирма во Тетово: Приведени 39 државјани на Албанија кои непријавено работеле за градежна фирма, следуваат пријави за нив и за сопственичката на фирмата

ДЕСК

Судот го забрани најавениот штрајк во М НАВ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.