Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Судот го забрани најавениот штрајк во М НАВ

М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донесе решение со кое се УСВОЈУВА предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка – ЗАБРАНА на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ-подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје, соопштија од М-НАВ.

Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои , како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.

М-НАВ АД Скопје го поздравува решението на Судот и ја нагласува својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија, се вели во информацијата на М-НАВ.

Можеби ќе ве интересира

УТРОВО НУЛА СТЕПЕНИ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ, 11 ВО ОХРИД И ПРЕТОР – Објавени измерените температури низ Македонија

ДЕСК

ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ БАРА ПОСТРОГИ КАЗНИ ЗА КОРУПЦИЈА – Целосна конфискација на незаконски стекнатиот имот

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

ДЕСК