11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Со Пендаровски и СДСМ до членство во ЕУ, со Силјановска и ДПМНЕ враќање во изолација, велат од СДСМ

-Изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори е членство во ЕУ или враќање назад во изолација, соопшти СДСМ.

„Со Пендаровски и СДСМ граѓаните до членство во ЕУ, или со Силјановска и ДПМНЕ во изолација.

Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.

Само со Пендаровски и СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +