14.8 C
Скопје
24. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски: Со успешни политики, станавме прва во регионот и 13-та земја во светот по извоз на вино

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски утрово во интервју за Слободен печат истакна дека Министерството што тој го предводи во изминативе години презело доста мерки и политики за унапредување на агросекторот.

Покрај зголемените субвенции, авансната исплата на финансиската поддршка, Николовски го издвои и зголеменото производство и извоз на македонско вино, кои според него, во последните години достигнуваат рекордни износи.

„Извозот на македонско вино достигна рекорд од 59 милиони евра, што никогаш не било и како никогаш досега се извезува најголем процент на флаширано вино. Ние сме први во регионот во 2023 година, станавме прва земја во регинот пред Бугарија, Грција, Словенија пред Хрватска по извоз на вино, односно 13-та земја во светот. Тоа е резултат на сите политики кои ги преземавме“ посочи Николовски.

Тој додаде дека тоа поттикнало и отворање на нови винарии, што придонесува за уште поголемо производство но и отворање нови работни места.

„Од над 30 винарии во 2013 година, денес имаме 255 винарии. Со промени во регулативата, со поддршка на создавање на мали семејни винари имаме постојан раст на овие капацитети“ заклучи Николовски.