15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „насилство“

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Е.М., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР.

Имено, на 12.10.2023, полицискиот службеник Е.М. заедно со лицето М.М., против кого, исто така е поднесена кривична пријава, физички го нападнале С.А. од с. Черкези, кумановско и му нанеле повреди, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +