Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен разбојник, осуден на казна затвор од три години

Денеска во 01.15 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода Д.П.(21) од село Ангелци. Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено поправна установа – Затвор Струмица за доиздржување на две години и пет месеци од казната, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе учествува на Mинистерскиот самит на Европската комисија во Подгорица – 20/10/2025

ДЕСК

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

ДЕСК