8.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Левица: НАРОДЕ, фала ви на сите што успеавме да собереме 10.000+ потписи!

Соопштение на Левица:

Покажавме дека зрееме и растеме и имаме дисциплинирана структрура која почнува да боде очи на нашите политички непријатели, кои до вчера не’ потценуваа.
Огромно ФАЛА до нашите активисти од локалните ограноци и волонтери на штандовите низ цела Македонија. Без вашето оставање срце на терен, ништо од ова немаше да биде можно.

Благодарност и до Професорката која си го жртвуваше раатот и влезе искрено во Борбата за нашата заедничка кауза.

p.s. Собирањето потписи сé уште трае (до 8 март 2024). Сите кои сакате да оставите политичка трага на едно големо народно будење, можете релаксирано да се потпишете до крајниот рок. Канцелариите на ДИК работат и за викенди, до 20:00 часот.
Да здивнеме, и одиме во вистинската битка која ни претстои!