Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петмина кандидати досега ги собраа потребните потписи за учество на претседателските избори

На помалку од една седмица пред истекот на рокот за собирање на потписи, петмина кандидати стигнаа до бројот од 10.000 потпишани со што го обезбедија своето место на листите на претседателските избори.

Од вчера и професорката Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ стигнаа до потребната бројка, според последниот пресек на податоците на Државната изборна комисија.

Претходно потребните 10.000 потписи ги собраа и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од „Вреди“ и Максим Димитриевски од „ЗНАМ“.

Кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Давкова-Силјановска денес и утре се очекува официјано да добијат поддшка од партиските тела на партиите, по што и двајцата ќе собираат граѓански потписи.

Рокот за потпишување ќе трае до 8 март.

Првиот круг од претседателските избори е на 24 април, а вториот на 8 мај кога ќе се одржат и паралемнтарите избори.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК