Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика на социјалните мрежи споредли споредба со ветувањето на Христијан Мицкоски од минатите избори за минимална плата од 18 илјади денари и актуелната минимална плата денес, која изнесува 22.500 денари.
„За што и за кого ќе гласаш? За повисока плата или за Христијан од Белата палата?“ стои на објавата на Тренчевска.
Пред изборите во 2020 година ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беше дека доколку тие се власт, минималната плата во 2024 година ќе изнесува 18 илјади денари.
Сепак, со Владата предводена од СДСМ, а не од ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата се искачи на 22.500 денари, наместо ветените 18 илјади од Мицкоски.