Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

На 11.08.2025 во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода лице(47) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес пронашле и одзеле бела тврда материја и две дигитални ваги. Мажот бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК