9.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Јовановски: Вечерва се отвора изложбата „Станица пропаганда“ на еден од најзначајните европски уметници Јонас Стал

Во интервју за Слободен печат, Филип Јовановски, интердисциплинарен уметник и директор на АКТО, зборуваше за изложбата „Станица пропаганда“ што вечерва се отвора во Музејот за современи уметности.

„Вечерва во Музеј на современа уметност се отвора изложбата „Станица пропаганда“ на холандскиот уметник Јонас Стал, кој прв пат има самостојна изложба кај нас, иако претходно има донирано едно дело. Тој е еден од позначајните европски уметници во моментов и она што тој ќе го изложи е десетгодишно истражување на различни типови на пропаганда и тоа тој го врзува во секој контекст каде што тој изложува и тоа тој го вика „Школа за пропаганда“ што е дискурзивна програма. Кај нас тоа ќе биде на втори март и ќе биде тема којашто е поврзана со пропагандата во конкретниот контекст каде што изложува. Последното такво изложување беше во Прага а сега е во Скопје и ние заедно со кураторката Ивана Васев и Јонас Стал подготвивме и една дискурзивна програма којашто ја ние ја насловивме „Антиквизiциската пропаганда од Скопје 2014 до Скопје 2028 – европска престолнина на културата“ рече Јовановски.

Тој најави дека на дискурзивната програма ќе се одржат и две панел дискусии поврзани со конкретната тема.

„На таа изложба ќе го видиме истражувањето на различни типови пропаганда од ултрадесничарска до алт-рајт пропаганда што го прави Стал и ќе го изложиме во една комплескна просторна инсталација и таа изложба ќе трае до 31 мај. Значи вечерва се отвора изложбата а утре ќе биде оваа дискурзивна програма каде што ќе има два панели, каде ќе зборуваат активисти, уметници, теоретичари..“ најави Јовановски.