Актуелниот претседател Стево Пендаровски најави дека започнува граѓанска кандидатура за нов мандат и ги повика граѓаните да му дадат поддршка потпишувајќи се за него.
„Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани од 3 март, недела, да дадат поддршка за мојата кандидатура со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија“ рече претседателот Пендаровски на прес-конференција.
Тој додаде дека очекува во недела и СДСМ да ја формализира поддршката за неговата кандидатура, а од понеделник и останатите десетина партии од коалицијата на СДСМ.
„Во недела ќе присуствувам на конгресот на СДСМ, само во тој дел, да се заблагодарам за поддршката, а од понеделник ќе имаме средби со сите десетина партии кои најавија поддршка за мојата кандидатура, да слушнам предлози за мојата изборна програма“ рече Пендаровски.