21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ристов: Ова е историски успех, соработката на УКИМ со државата треба да продолжи за подобро и поквалитетно образование

Вработените на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска примија повисоки плати. 3.000 професори, асистенти, административни и технички лица на својата сметка добија плата повисока за 22 отсто, а дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од месец март, кога е предвидено и зголемување на минималната плата во државата.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на УКИМ , проф. Ангел Ристов вели дека ова е историски успех кој го подобрува стандардот на вработение но воедно и обврска за поголем квалитет во високото образование.

„Да, денес беа исплатени повисоките плати во согласност со Колективниот Договор кој почна да се применува од 1.1.2024 година. Синдикатот е задоволен од постигнатиот историски успех – враќање на угледот и достоинството на УКИМ и подобрување на стандардот на вработените со добивањето на достојни плати. Почитувањето на Колективниот договор од страна на државата е израз и потврда на загарантирана со Уставот Автономија на Универзитетот,“ истакна Ристов.

Според Ристов, соработката на УКИМ со државата треба да продолжи, со цел подобро и поквалитетно образование и понатамошно вложување во истото.

„Ако една држава сака да чекори по стапките на прогресот мора задолжително да води сметка за науката и високото образование на младите. Тие се нашата иднина. Затоа државата треба да ги зголеми буџетските средствата за наука и истражувања ако сака да го унапреди квалитетот во високото образование и науката за доброто на граѓаните“, смета претседателот Ристов.

Примената на договорот се очекува значително да ја подигне мотивацијата за работа и квалитетот на наставно-научниот процес, во интерес на студентите и создавање што поквалитетни генерации кои успешно ќе се интегрираат и ќе раководат со општествените процеси.

Од Министерството за образование и наука велат дека во координација со другите надлежни институции ќе се залагаат за унапредувањето на правата на вработените во високото образование и науката да продолжи и во иднина, а приоритет ќе биде поттикнување на склучување нови колективни договори и со останатите универзитети.

Можеби ќе ве интересира

Еден осомничен за разбојништво во скопско Бучимци

ДЕСК

Мицкоски ќе присуствува на увид на градежни активности на нова детска градинка во Потстаница, Драчево

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК