Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски ветуваше минимална плата од 18 илјади, СДСМ реализираше 22.500

Иако опозицијата се обидува својата економска политика да ја претстави како главен адут, сепак кога ќе се погледнат бројките станува јасно дека нивните прогнози и најави се далеку од реалноста.

За изборите во 2020 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ветуваа дека минималната плата во државава ќе биде 18 илјади денари до крајот на нивниот мандат, што спроед лидерот на опозициската партија ќе го покачело стандардот на граѓаните.

Тој во телевизиско интервју со формули и проценти објаснуваше дека може да се покачи минималната плата на 18 илјади до крајот на мандатот.

„Минималната плата оваа која што е сега дефинирана на 14.500 денари бидејќи тоа е законско решение, тоа е стекнато право, инаку таа е врзана со медијална плата кај нас и ако се направи симулација на растот на просечната плата кој што го предвидуваме до крајот на мандатот некаде би стигнала некаде повеќе од 18.000 денари, што цениме дека ќе биде реалност“ рече Мицкоски во 2020 година за ТВ24.

Сепак, за среќа на граѓаните, на власт остана СДСМ, па минималната плата наместо ветените 18 илјади денари од Мицкоски од март 2024 година се 22.500 денари.

Слична е ситуацијата и со ветувањата за просечната плата. Во 2020 година, Мицкоски ветуваше дека за 25 отсто ќе ја зголеми и дека до крајот на мандатот, односно до 2024 година би изнесувала 32 илјади денари. Сепак, фактите покажуваат дека Владата предводена од СДСМ просечанта плата ја донесе на 40 илјади денари или осум илјади повеќе од планот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК