24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

111 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Тетово

Денеска (28 февруари) од 9 до 15 часот на поширокото тетовско-гостиварско подрачје спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во рамките на која биле откриени и санкционирани вкупно 77 возачи ( ТЕ-67 и ГВ-10) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место.Тројца од нив (ТЕ) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, 9 (ТЕ) и 1(ГВ) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, санкционирани се и 34 возачи (ТЕ) кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, како и 2 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-1).

На возачите – прекршители изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност.На оние кои пречекориле за повеќе од 70, односно 50 километри на час, времено ќе им бидат одземени и возачките дозволи од три месеци до една година.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи кои се однесуваат на дозволената брзина за движење. Со тоа, тие ќе придонесат за сопствената и вкупната сообраќајна безбедност на подрачјето на СВР Тетово и пошироко.