На заедничкиот состанок посветен на Планот за раст со Вицепремиерите и министрите од Западен Балкан првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ зема активно учество во дискусијата согледувајќи ги предностите, приоритетите на Северна Македонија во фаза на финализирање на стратегијата за Планот за раст со која се дефинирани главните насоки за спроведување на планот.
Маричиќ ја истакна детерминираноста за полноправно членство во ЕУ, преку усогласување со политиките и приоритетите на ЕУ, особено преку Планот за раст за Западен Балкан.
Препознавајќи го значењето на директивите и одлуките на ЕУ, Северна Македонија ветува целосна усогласеност со препораките на ЕУ и резолуциите на Советот. Отворањето на пристапните преговори во јули 2022 година внесе нов моментум на патот на нашата држава кон ЕУ, со успешно завршување на скрининг процесот по што се отвораат можностите со Планот за раст со забрзани напори за усогласување со ЕУ.
„Ние сме целосно посветени на реализација на нашата стратешка цел за членство во ЕУ“, изјави Вицепремиерот Маричиќ, нагласувајќи ја непоколебливата посветеност на владата на Планот за раст за Западен Балкан. „Нашата соработка со Европската комисија и делегацијата на ЕУ во Скопје ја нагласува нашата решеност да се приближиме со стандардите на ЕУ.
Со континуирани напори за усогласување на националното законодавство, Северна Македонија може да се пофали со одлично ниво на усогласеност со правото на ЕУ, достигнувајќи околу 45-50%, при што одредени поглавја ги надминуваат очекувањата – рече Маричиќ.
Реформската агенда, на која се работи во секојдневна координација со службите на Комисијата, го покажуваат амбициозниот, но сепак реален пристап на Северна Македонија кон реформските приоритети.
Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на состаноците посветени на Планот за раст, со кој секоја од државите од Западен Балкан работи на својата подготвеност и изрази оптимизам кон усвојувањето на клучните регулативи на Планот за раст, реформската агенда, нагласувајќи ја потребата од практични алатки за да се забрзаат реформите и да се дадат опипливи резултати за граѓаните.
Во продолжение Маричиќ детално ги објасни областите во кои ќе се превземат конкретни мерки а се поврзани со приоритетите на Планот за раст, односно ја спомена одлуката за формирање на Структура за спроведување на Планот за раст за Западен Балкан 2024-2027 година и Реформската агенда согласно насоките на Европската комисија, која ќе претставува сеопфатен и кохерентен пакет на мерки за постигнување на предвидените цели, а ќе ги опфаќа следните области Управување/Реформа на јавна администрација и Управување со јавните финансии, Дигитална, Енергетска/ Зелена транзиција, Човечки капитал, Деловно опкружување и Владеење на правото.
Додека, Северна Македонија сигурно чекори по патот на ЕУ, остануваме силно посветени на заедничките цели, правила и механизми за поддршка на едни со други, во регионот на Западен Балкан.