24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Јас ќе ја предводам следната про-европската Влада со која до 2030 година ќе влеземе во ЕУ

СДСМ и коалицијата ќе имаат повеќе пратеници на изборите од ВМРО – ДПМНЕ и јас ќе ја предводам следната про-европската Влада со која до 2030 година ќе влеземе во ЕУ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во Тема на денот на телевизија Сител.

„Постојат многу анекти во текот на изминатиот период, анкети постоеја и во 2020 година. Секоја политичка партија кога настапува на изборите настапува со доза на оптимизам што е и нормално, бидејќи кој е тој што ќе настапи со песимизам на изборите. На пример јас се сеќавам на опозицијата која во 2020 година излегуваа со анкети на кои водат 7%, 8% вие се сеќавате дека на крајот СДСМ и коалицијата издвојуваа победа. Овој пат ќе биде исто така. СДСМ и коалицијата ќе имаат повеќе пратеници на изборите од ВМРО – ДПМНЕ.

Следниот мандатар на 9 мај на Денот на победата над фашизмот, повторно ќе бидам јас и ќе ја формираме про-европската Влада со која што до 2030 година ќе влеземе во ЕУ“, посочи Ковачевски.

Во интервјуто, Ковачевски, порача дека на политичката сцена во државата има политички партии кои го бојкотираа влезот на Северна Македонија во НАТО на пример, но државата стана членка „Ние станавме земја членка на НАТО. Има политички партии кои упорно го бојкотираат и го опструираат зачленувањето во Европската Унија, ние ќе станеме земја членка на ЕУ. Впрочем, ние обезбедивме независност на државата на референдум, на кој што референдум учествуваа сите граѓани, референдумот беше успешен и државата стана независна Република Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервјуто во Тема на ден на телевизијата Сител.