28.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ до своите следбеници: Дали сакате вашите прашања за проширувањето на ЕУ да ги поставам директно до Вархеји и Копман?

Маричиќ до своите следбеници: Дали сакате вашите прашања за проширувањето на ЕУ да ги поставам директно до Вархеји и Копман?

“Во среда и во четврток ќе бидам во Тирана на средба на лидерите од Западен Балкан и лидерите од Европската Унија задолжени за прашањата на проширување. Темата е планот за раст и како можеме да ги користиме придобивките од заедничкиот европски пазар уште пред да станеме членка.

Дали имате прашање за планот за раст? Дали би сакале тие прашања да им ги поставам во Ваше име на Копман и на Вархеји, како најодговорни од Европската Унија и дали има нешто Ве интересира поврзано со процесот на проширување?

Пишете ги вашите коментари и прашања во коментар на ова видео.

Ви ветувам и се обврзувам дека ќе ги поставам на одговорните на Самитот во Тирана и ќе ги имате одговорите уште пред крајот на тој Самит.”

https://www.facebook.com/reel/368877346100953