9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Јовановиќ: Граѓаните се свесни дека Русија е дехуманизирачка, авторитарна и тиранска земја, затоа се про-ЕУ и про-НАТО

„Мислам дека нашите граѓани се свесни дека Русија е дехуманизирачка, авторитарна и тиранска земја. Јас сум во тоа длабоко убеден дека граѓаните се про-ЕУ и про-НАТО“ рече аналитичарот Ненад Јовановиќ во емисиајта „200“ на АлсатМ.

Тој додаде дека поголемиот животен стандард, поквалитетниот живот, слободите и човековите права може да се добијат вртејќи се кон Европа, а не кон Русија.

„Мнозинството граѓани знае кој пат да го движат. Финансискиот бенефит, македонскиот граѓанин не може да го гледа во Русија. Финансискиот и образовниот и здравствениот и технолошкиот бенефит сите го гледаат во Европа. Никој не сака да се пресели во Москва“ рече Јовановиќ.

Тој додаде дека граѓаните треба во својата глава да ја донесат одлуката, дали сакаат да живееме во диктатура Путинова или како целиот нормален и развиен свет.

Можеби ќе ве интересира

Денеска е значаен празник: Светиот великомаченик Пантелејмон

ДЕСК

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во мирното мало градче Демир Хисар

ДЕСК

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК