Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во емисијата „Вин-вин“ на Телма во дебата со Петре Шилегов од СДСМ, рече дека Владата не требало да ги враќа парите кај граѓаните со антикризните мерки за полесно справување со кризата.
Димовски рече дека тие наместо 620 милиони евра, наместо да се насочат кај граѓаните требало да се инвестираат во нов пат меѓу Велес и Прилеп.
„620 милиони евра распределија во последните два месеца со вонредни мерки од популизам. Со тие пари може да направиме нов пат меѓу Велес и Прилеп“ рече Димовски.
На ваквиот став на Димовски реагираше Шилегов, кој истакна дека тоа се пари кои се враќаат кај граѓаните во време на криза.