„Без антикризните мерки, многу граѓани ќе беа оставени на раб на сиромаштија. И сериозни економски проблеми ќе имаа. Тоа не го дозволивме. Гледаме низ Европа многу посилни економиии се соочуват со поголеми проблеми. Ги гледате штрајковите и незадоволството во Германија. Хрватските земјоделци, француските земјоделци. Кај нас нема, затоа што историски највисоко е нивото на субвенции“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски при отворањето на изборен штаб во Кисела Вода.
Тој додаде дека сега вистинските земјоделци добиваат субвенции, а тие се исплаќаат авансно.
„30% веќе е исплатено на земјоделците. Највисоки откупни цени и на тутунот, и на грозјето и станавме најголем извозник на вино во регионот. Со вистински земјоделски политики кои се на исто ниво со европските политики. Затоа ќе продолжиме и предложиме нови мерки за помош со нови економски мерки со програмата 2024-2028 година“ рече Ковачевски.